Врнежи од снег на Попова Шапка и во Крушево, сообраќајот се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, додека во Крушево врнежите се од дожд и снег, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 м. има во Крушево.
Како што соопшти ЈП Македонија пат, сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…