Стојанче ми рече дека Катја му е одбивна, постојано не следеше мене и Ивана, рече сведокот Мартин Саздов

t

Сведокот во предметот и поранешен пријател на Стојанче Јовановски, Мартин Саздов денеска сведочи во предметот против Јовановски, а за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана. Саздов кажа дека бил скаран со обвинетиот Стојанче.

„Од тој датум како животот да ми застана. Немам веќе мотивација за живот“, рече Саздов.

На прашањето од каде се познава со обвинетиот, Саздов посочи дека се запознале во 2021 година на работа, кога заедно се вработиле во Пожарна. Со Стојанче се дружеле две години, а се дружел и со покојната Ивана.

„Почнавме да излегуваме цело време, заедно со Стојанче, Ивана, Катја и по некое време и со мојата девојка. Престанавме да се дружиме со Стојанче кога дознав дека се гледал со мојата девојка. Кога дознав за тоа, пред година и половина, две години, се тргнав од него“, рече Саздов.

До 2 март годинава, биле колеги, но во различни станици во противпожарната бригада. Сведокот кажа дека се дружеле со Ивана и го раскажа моментот како ја земал од автопат, кога Стојанче ги исфрлил со Катја, на враќање од Штип.

„Со Стојанче не зборувавме, не се гледавме. Но во август 2025 година ми се јави Ивана во еден навечер со плачење. Ми рече: „Извини што ти ѕвонам толку касно, немам на кого да му се јавам, јас и Катја сме пред Штип, може ли да дојдеш да не земеш, Стојанче нè тепаше и нè исфрли од кола“. Се облеков, отидов да ја земам. Прво не можев да ја најдам Ивана, па таа ми кажа дека се на пет километри пред Штип позади банкина, се криеле со Катја. Ми рече дека се наоѓа на автопатот од страната за накај Скопје. И реков да излезе да ја видам каде се наоѓа точно, свртев назад кон Скопје и ги видов од десната страна како стојат покрај банкината. Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја. Ги земав и заминавме кон Скопје. Ја прашав каде да ја однесам, ми рече страв ми е да одам дома, да не ме тепа пак. Ја прашав дали да ја однесам кај мајка и, но таа одговори дека не сака мајка и да ја гледа во таква состојба. Ја однесов кај мене, сестра ми беше дома, јас реков ќе излезам, да не ви биде незгодно. Требаше сабајле да одам на работа, тие да си седат раат“, рече Саздов.

Сведокот продолжи да раскажува она што го дознал од покојната Ивана откако ја земал од автопатот. Според сведочењето, Ивана и Катја му раскажале дека ги исфрлил од автомобилот како партали, ги нарекувал „к…и мали“ и двете.

„Се обидов да ја смирам, ја прашав што се случило. Ми рече: „Гледав на телефонот на апликацијата, го утнав патот и Стојанче се изнервира и почна да ме тепа“. И Катја раскажуваше за тоа што се случило. Катја ми кажа дека Стојанче ја удирал главата на Ивана од „наслонувачот“ за раката помеѓу двете седишта. Катја ми покажуваше со раката дека Стојанче ја удирал главата на Ивана од „наслонувачот“. Забележав модрици кај Ивана на главата, на рацете, целата беше искубана и исплашена“, вели Саздов.

Тој кажа дека Стојанче ја тепал Ивана и пред него додека се дружеле. Сведолече дека му велел да престане но бил со врзани раце и не можел ништо друго да направи.

„По настанот во Штип се зближивме многу со Ивана и ми раскажуваше дека сака да се разведе од него, дека ги тепа, дека многу ги малтретира, дека не и посветува внимание на Катја, дека ја тепа Ивана пред Катја. Ивана се плашеше од Стојанче многу. Ми викаше „Мартин не го знаеш каков психопат е, ќе ме убие, не можам да издржам веќе не знам што да правам“. И велев, не се секирај, сите ќе ти помогнеме но таа пак беше исплашена многу, затворена беше не зборуваше ни со нејзините. Се обидував на секој начин да и помогнам но не успеав“, рече Саздов.

После оставањето на автопат во еден по полноќ, Ивана поднела тужба за развод, отишла да живее кај нејзината мајка. Од тогаш почнала секојдневно да излегува со Саздов.

„Ја шетавме Катја. Ја носевме Катја во Зоолошка, на лулашки, во „Џамбо“, ја шетавме цело време. Се обидував да им биде убаво, да не бидат под стрес, да не бидат исплашени. Но Ивана секој ден ми зборуваше „Мартин не знаеш каков психопат е, ќе не убие двајцата“. Јас ѝ реков не се секирај има институции, ќе го решат проблемот. Во тој период бидејќи се зближивме излегувавме многу, ја засакав, и таа ми кажа – Мартин  како што ми е сега со тебе во животот, никогаш не ми било вака, се чувствувам многу сигурно со тебе и смирено. Почнавме љубовна врска, да. Излезе пред нас, не следел. На Ивана ѝ кажав да се тргне. Стојанче сакаше да се тепа, јас му велев „дај смири се, и ти си излегувал со две мои девојки, додека се дружевме, да зборуваме смирено“. Отидовме во Автокоманда и ме праша од кај ми била таа информација, од кај сум знаел дека се гледал со мои поранешни две девојки. Јас дознав преку наш заеднички другар. Отидовме да се видиме со тој наш заеднички другар. Се расправавме таму, се завлековме, разговаравме на повисок тон, потоа се качив во автомобил да си одам. Се залета Стојанче со неговото возило и удри директно во двете врати од возачката страна на моето возило“, додаде Саздов.

Вели дека отворено му кажал на Стојанче дека ја засакал Ивана, а обвинетиот му рекол дека неговата ќерка Катја му била одбивна.

„Ја навредуваше Ивана пред мене дека е „к…а“, ваква-таква. Го молев да не ја навредува. Велеше дека „сака да се спаси од оваа к…а, дека не ја сакал ни Катја, а Ивана го прашуваше како за сопствено дете така може да зборува. Јас му велев дека Катја ќе си ја гледа и сака и после се што било. Тој велеше дека Катја му била одбивна. Рече дека сака да се разведе од Ивана, двајцата сакаа да се разведат, а ние двајца да сме правеле што сакаме“, рече Саздов.

Сведокот кажа дека Стојанче почнал да ги следи Ивана и него, да го пријавува лажно во полициска станица. Во меѓувреме и самиот Стојанче со друга девојка се појавувал пред зградата, ја сменил бравата од станот за Ивана да не може да влезе внатре. Саздов посочи дека Ивана му кажувала дека Стојанче постојано се гледал со други жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче ги тепал Ивана и Катја секоја…

Сведокот Мартин Саздов пред судот посочи дека…

Стојанче ми рече дека Катја му е…

Сведокот во предметот и поранешен пријател на…

Обвинителите вчера добиле допис од МВР за…

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал…

Стојанче ги натепал па ги оставил Ивана…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во…

„Бабо, мама чучна долу, а тато ја…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за…