Објавено на:

(Видео) Советничка го спореди Трамп со Исус: „Поради неговото воскресение и вие воскреснавте, бевте предаден, уапсен и лажно обвинет“

t

Советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Паула Вајт предизвика низа негативни реакции на социјалните мрежи откако вчера го спореди американскиот претседател со Исус Христос.

Вајт која е долгогодишна сојузничка на Трамп, е позната по јавните молитви за Трамп, вклучувајќи ја и онаа на почетокот на митингот на 6 јануари 2021 година, непосредно пред нападот врз американскиот Капитол.

„Исус не научи на многу лекции преку својата смрт, погреб и воскресение. Тој покажа што значи да се биде лидер, а големата трансформација бара голема жртва. А Вие, господине претседателе, никој не ја плати цената што ја плативте вие. Речиси ве чинеше живот. Бевте предаден, уапсен и лажно обвинет“, рече Паула Вајт, обраќајќи му се на Трамп.

„Но, како што тоа не беше крај за него, тоа не беше крај ниту за Вас. Бог секогаш имаше план. На третиот ден тој воскресна, го победи злото, ја победи смртта, пеколот и гробот. И бидејќи тој воскресна, знаеме дека и ние можеме да воскреснеме. А Вие, господине, поради неговото воскресение, вие воскреснавте. И верувам дека Господ ми заповеда да ви го кажам ова: поради неговата победа, и Вие ќе бидете победници во што и да започнете“, рече таа.

Нејзините зборови предизвикаа остри критики на социјалните мрежи, каде што бројни корисници го нарекоа нејзиниот говор „богохулство“ и „лудост“.

Вајт, која е раководител на Канцеларијата за религија во Белата куќа, претходно изјави дека жените мора да им се „покоруваат“ на мажите.

Минатата година, таа ги покани своите следбеници да ѝ платат донација од 1.000 долари до Велигден за, според нејзините зборови, „да добијат седум специфични натприродни благослови“. Тие благослови вклучуваат дека Бог ќе „испрати ангел да ве чува“, „ќе стане непријател на вашите непријатели“, „ќе ви донесе просперитет“ и „ќе лекува болести“.

Ова не е првпат Вајт да бара пари во замена за „натприродна заштита“. Во март 2020 година, таа требаше да биде главен говорник на распродадена религиозна конференција во Феникс, Аризона, најавена како настан што нуди „натприродна заштита од коронавирусот“ и „лек за секој вирус и чума“. По негативните реакции, Вајт се повлече од конференцијата. Во видео снимено од Right Wing Watch, Вајт ветува „натприродни благослови“ на оние кои донираат пари за нејзината евангелистичка служба, Paula White Ministries.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советничка го спореди Трамп со Исус:…

Советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Паула…

Началникот на иранската армија: „Доколку непријателот започне…

Началникот на иранската армија, Абдолрахим Хатами, му…

Иран егзекутираше човек осуден за подметнување пожар…

Иранското судство во четврток соопшти дека го…

Рубио донесе закон со кој би го…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани…

Бугарија нема да ги премести американските авиони…

Владата на Бугарија се откажа од идејата…