Три лица се повредени при судир меѓу возило и камион на патот Градско-Прилеп
– На 01.04.2026 во 18:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Битола и товарно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(61) од село Горно Оризари, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и неговиот сопатник С.К.(75) од Битола, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.К., констатирани во Итната медицинска помош Прилеп, информираа од МВР за несреќата.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…