Објавено на:

Судот одлучи: Притвор за битолчанецот вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија

t

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на предистражни дејства спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамките на акцијата австралиските служби идентификувале корисници што пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП-адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република Северна Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од Обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одлучи: Притвор за битолчанецот вработен во…

Основниот суд Битола го прифати предлогот за…

МОН: Не се затвора средното земјоделско во…

МОН ги демантира натписите во медиумите кои…

Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…

19-годишник пронајден починат во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека…

Откажани железничките линии за Битола, вчеравечер возот…

Од Железници на Северна Македонија АД –…