Земјотрес од 4.7 степени ја стресе Македонија – еве го епицентарот!

t

Денеска земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а потресот бил почувствуван и во јужните делови на Македонија, особено во Битола.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил близу Лерин (Флорина), на длабочина од околу 10 километри, само неколку километри од македонско-грчката граница.

Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврди дека потресот бил почувствуван во:

Битола и околината – IV степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС-98)
Гевгелија и Валандово – III-IV степени
Охрид, Струга и Ресен – III степени
Жителите на Битола јавуваат дека земјотресот траел неколку секунди, предизвикувајќи вознемиреност, особено кај оние кои живеат на повисоки катови.

Ова е потсетник дека македонско-грчкиот регион е сеизмички активен и дека е важно граѓаните да бидат подготвени за вакви настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И реките Тополка и Бабуна загадени, не…

Најновите анализи што ги изврши Центарот за…

(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…

„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…

Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…

Германија го заострува ставот кон враќањето на…