Тензии на расправата за еднакви права, Даути се пожали на психичко насилство
Наместо конструктивна расправа, претпладнето во Собранието помина во тензична атмосфера, со повишени тонови и меѓусебни обвинувања. Јавната дебата за еднаквоста меѓу мажите и жените беше прекината откако пратеничката Илире Даути реагираше поради, како што наведе, непочитување на Законот за јазиците.
Таа од говорницата побара прекин на седницата, истакнувајќи дека материјалите не ѝ биле доставени на албански јазик. Во своето обраќање нагласи дека наместо дискусија за заштита од насилство, се соочила со притисок и дискриминација.
„Како да се зборува денеска за насилство кога самата бев жртва на психичко насилство“, истакна Даути, обвинувајќи дека нејзините права како пратеник се прекршени.
Нејзината реакција предизвика остри реплики во салата. Заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева, повика дебатата да не се претвора во политичко надмудрување и да се задржи фокусот на темата.
По кратка, но интензивна расправа, седницата беше прекината и беше прогласена пауза со цел смирување на ситуацијата и продолжување во поконструктивна атмосфера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…