Објавено на:

Захарова: Балтичките земји ризикуваат доколку дозволат прелет на украински дронови кон Русија

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека балтичките држави треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат доколку дозволат премин на украински дронови низ нивниот воздушен простор за напади врз цели во Русија.

– Без сомнеж, последните настани со беспилотните летала ги сметаме за терористички акти и напади врз Русија, извршени против нејзините индустриски и цивилни објекти. Во овој случај, доколку трети страни ја отстапиле или продолжат да ја отстапуваат својата територија за премин на непријателски дронови, тие мора добро да разберат каков ризик преземаат – нагласи Захарова.

Таа додаде дека Русија категорично ги осудува обидите и повиците на надворешни сили за дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во Иран со цел уривање на владејачкиот режим.

Захарова ги отфрли и тврдењата на украинското разузнавање дека Русија му доставува на Иран списоци со воени објекти на Блискиот Исток како цели за напад. Информациите за заедничко дејствување на ирански и руски хакери ги нарече „уште една лага на киевскиот режим“.

Портпаролката ги оквалификува нападите врз серверите на руските државни институции и телефонските измами врз руските граѓани како грубо кршење на правилата на ОН, тврдејќи дека Украина и западните земји ги поттикнуваат таквите постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…

Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…

Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…