Објавено на:

Нетанјаху: Нема прекин на огнот во Либан, продолжуваме со нападите

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека „нема прекин на огнот во Либан“ и дека Израел продолжува да го напаѓа Хезболах. Во видео порака до жителите на северен Израел, тој рече дека Израел „продолжува да го напаѓа Хезболах со голема сила“ и дека нема да престане додека не ја врати нивната безбедност.

„Нашите значајни достигнувања, и во Иран и против оската на злото, доведоа до историска промена во позицијата на Израел во регионот. Тие, исто така, доведоа до промени во нашите односи со земјите со кои претходно немавме односи“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер претходно вчера изјави дека ѝ наложил на владата што е можно поскоро да започне директни разговори со Либан. Тој рече дека разговорите ќе бидат насочени кон разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи меѓу Израел и Либан. Либанските власти побараа привремено прекин на огнот за да се овозможи разговор со Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…