Левица: Велигденската трпеза стана луксуз поради игнорантскиот однос на Владата

t

Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза, сметаат од политичката партија Левица.

– Реалноста е јасна – народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард.

Дополнително, алармантен е фактот што повеќе од 30% од населението живее под прагот на СИРОМАШТИЈАТА. Ова значи дека речиси секој трет граѓанин се соочува со сериозни потешкотии да обезбеди основни услови за живот. Во исто време, државата бележи рекордно задолжување кај бироата за БРЗИ КРЕДИТИ, што е јасен показател дека граѓаните се принудени да позајмуваат пари со високи камати за да преживеат, за храна, сметки и најосновни потреби.

Во вакви услови, улогата на владата треба да биде јасна и одлучна, да делува како регулатор и заштитник на граѓаните. Наместо тоа, сведочиме на пасивност и целосно отсуство на навремена реакција. Пазарот е оставен без контрола, што овозможува неконтролирано зголемување на цените и профитите, додека граѓаните осиромашуваат.

Состојбата е до тој степен алармантна што голем дел од граѓаните немаат средства ни за преживување, а камоли да издржат нови ценовни шокови. Дополнително загрижува што вистинската криза сè уште не е ни пристигната, најавената енергетска криза може да предизвика сериозен удар врз економијата, зголемување на трошоците за производство и живот, па дури и да доведе до економски колапс доколку не се преземат навремени и сериозни мерки.

Решенијата се познати и одамна предложени: ограничување на профитните маржи за основни производи, воведување контролирани или замрзнати цени за клучни прехранбени производи, намалување или укинување на ДДВ за основна храна, засилени инспекциски контроли со строги санкции за злоупотреби, како и системска поддршка за домашното производство со цел да се намали зависноста од увоз и да се стабилизира пазарот.

Денес веќе не станува збор за превенција, туку за последици од лошо управување. Наместо системска заштита на граѓаните, гледаме задоцнети и недоволни мерки. А цената на тоа ја плаќа народот, кој е доведен до раб на економско преживување. – стои во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Велигденската трпеза стана луксуз поради игнорантскиот…

Најавите за ограничување на профитните маржи по…

Левица: Лимани ја отежна постапката за добивање…

Министерот Лимани ја отежна постапката за добивање…

Левица: Архиварката која ги заглавуваше предметите во…

Архиварката која по налог на Цвета и…

ВМРО-ДПМНЕ: За да лапнат дел од градежниот…

Коалициските партнери СДС и ДУИ за криминални…

ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…

Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…