Трамп во Вашингтон ќе ja гради највисoката триумфална капија во светот
Администрацијата на Доналд Трамп во петокот ги откри плановите за изградба на триумфална капија во Вашингтон, уште еден проект на кој претседателот работи за да остави свој белег во главниот град на нацијата.
„Воодушевен сум што можам да објавам дека денес мојата администрација официјално поднесе презентација и планови до високо почитуваната Национална комисија за ликовни уметности за она што ќе биде најдобрата и најубавата триумфална капија во светот“, напиша републиканецот на својата платформа Truth Social.
„Тоа ќе биде прекрасен додаток на областа Вашингтон, во кој сите Американци ќе можат да уживаат во децениите што доаѓаат!“ додаде тој.
Се очекува капијата да биде висока 250 стапки и да стане најголемиот споменик од ваков вид во светот.
Планот беше доставен до Националната комисија за ликовни уметности, чии членови беа назначени од Доналд Трамп. Според плановите, на врвот на споменикот треба да се најдат три златни статуи со натписи со златни букви „Една нација под Бога“ и „Слобода и правда за сите“.
Инспириран од Триумфалната капија во Париз, новиот проект е еден од многуте што самиот претседател или неговите соработници ги поддржале, а чија цел е да остават белег на американскиот пејзаж.Доналд Трамп изгради огромна сала за бал во Белата куќа за до 1.000 луѓе за разни приеми, а го преименува и Центарот Кенеди во Центар Трамп Кенеди. Американскиот претседател, исто така, доби одобрение да кова комеморативна златна монета со неговиот лик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп во Вашингтон ќе ja гради највисoката…
Администрацијата на Доналд Трамп во петокот ги…
Италија одби да му дозволи на Вашингтон…
Италија одби да им дозволи на САД…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
“Made in Europa” – ЕУ започна кампања…
Европскиот комесар за индустријата, Стефан Сежурне, ја…
Иран кон Вашингтон: Ако нападнете, ќе има…
Иран денеска го засили предупредувањето до Вашингтон,…