Објавено на:

Гилотина е пронајдена во камион во близина на американскиот Капитол

t

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако полицијата пронајде гилотина во товарниот простор на неговиот камион. Вчера, возилото беше нелегално паркирано до зградата на Врховниот суд во Вашингтон, недалеку од американскиот Капитол, објави Си-ен-ен.

Возачот е идентификуван како Филан-Там-Дуј Ле од Џулијан, Калифорнија, и полицијата го обвини за носење опасно оружје.

Гилотината беше запленета, но полицијата не соопшти дали била функционална. Ле пристигнал во Вашингтон од Калифорнија, а истражителите сега ја проверуваат неговата позадина за да утврдат зошто дошол во Вашингтон и зошто ја транспортирал гилотината.

Досега нема информации дека му се заканил на некого или дека имал одредена цел.

Неговиот постар брат, Келвин Ле, изјави за Лос „Анџелес тајмс“ дека гилотината веројатно била наменета да биде израз на политичко незадоволство. Тој додаде дека не верува дека неговиот брат ќе повреди некого.

Според него, Филан-Там Ле е незадоволен од состојбата во американската политика, не поддржува ниту една од двете главни партии и е критичен кон американскиот претседател Доналд Трамп и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Полицијата сè уште не го утврдила неговиот мотив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Трамп: Судијата ќе биде одговорен ако се…

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше…

Едно лице загина, девет се водат како…

Голем хемиски резервоар, со околу еден милион…

(Видео) Ужасна експлозија во фабрика во Вашингтон:…

Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за…

Укинат засилениот надзор за осомничениот за нападот…

Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за…