Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес? – Ова е рекцијата на Рама
Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли тврдењата на опозицискиот лидер Сали Бериша дека дури девет земји-членки на Европската унија ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес.
Рама истакна дека таквите наводи се неточни и појасни дека во рамки на Унијата, доволно е само една држава да стави вето за да се запре процесот.
„Ако се девет, тоа не е вето, туку гласање. Вето става една држава“, изјави Рама, додавајќи дека до крајот на април или почетокот на мај ќе се види вистинската состојба околу напредокот на Албанија.
Премиерот директно го обвини Бериша за ширење дезинформации, потенцирајќи дека членството во ЕУ останува стратешка цел без алтернатива за земјата. Тој ги повика сите политички чинители да ја засилат поддршката за реформите кои се клучни за европската агенда.
Рама објасни дека пристапниот процес се одвива на две нивоа – техничко, каде се оценуваат реформите, и политичко, каде одлуките се носат со консензус меѓу земјите-членки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот…
Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли тврдењата…
„Иран губи и тоа во голема мера“,…
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social…
(Видео) Без своите деца и внуци, ќе…
Без своите деца и внуци, ќе помине…
Трамп: Имаме најдобра и „најслатка“ нафта во…
Додека траат разговорите во Пакистан меѓу САД…
Русија и Украина разменија по 175 воени…
Русија и Украина извршија размена на воени…