Објавено на:

Вучиќ пред изборите во Унгарија: Србите ќе му бидат благодарни на Орбан дури и ако загуби

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави денеска дека го поддржува премиерот на Унгарија Виктор Орбан на утрешните избори во земјата, за кои смета дека се важни не само за иднината на Будимпешта, туку и за Европската Унија, пренесува „Бета“.

Вучиќ на „Инстаграм“ напиша дека не знае дали Орбан ќе изгуби или ќе победи, ама дека му е благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците.

„Не знам дали Виктор ќе изгуби или ќе победи. Знам само дека сум му бескрајно благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците. Без него, тоа пријателство не би постоело“, се наведува во објавата, која вклучува и фотографија од Вучиќ и Орбан.

Вучиќ додаде дека му е благодарен на Орбан за сè „каков и да е резултатот“.

„П.С. Ние Србите сме различни, бидејќи дури и да изгубите, ќе ви бидеме засекогаш благодарни“, завршува објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сафари возило полно со туристи слета…

Возило за сафари полно со швајцарски туристи…

Осум граѓански организации бараат Владата да го…

Осум граѓански организации бараат од Владата итно…

Возач удрил 79-годишна жена и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…

Предложен притвор за едно лице за избоденото…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…