Голема излезеност на изборите во Унгарија: 54% до 13 часот
До 13 часот, излезноста на парламентарните избори во Унгарија изнесува 54,14 проценти, што е зголемување во однос на на изборите во 2022 година за околу 10%. Излезноста во Будимпешта до 13 часот беше 56,77 проценти.
Избирачките места во Унгарија се отворија во 6 часот наутро и се затвораат во 19 часот, објави Ројтерс. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека главни соперници се партијата Фидес на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан и проевропската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар. На изборите, кои се одржуваат во 106 изборни единици, ќе бидат избрани 199 членови на Унгарското национално собрание. Се очекува Националната изборна канцеларија да ги објави прелиминарните резултати во изборната ноќ, а крајниот рок за објавување на изборните резултати е 18 април, а конечните резултати треба да бидат објавени до 4 мај. За партиите, прагот за влез во парламентот е 5% од гласовите.
Премиерот го избира парламентот, со просто мнозинство. Претседателот номинира премиер, кој обично е кандидат на партијата што ги добила изборите, а потоа парламентот гласа за номинацијата. Доколку парламентот не успее да го избере кандидатот, претседателот номинира нов премиер во рок од 15 дена, а доколку парламентот не успее да избере нов премиер, претседателот може да го распушти парламентот и да распише нови избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…