Објавено на:

СЛОВЕНИЈА НА КРСТОПАТ: Сака да ги напушти НАТО и СЗО!

t

Словенија повторно се најде во фокусот на јавноста откако новиот претседател на парламентот и лидер на партијата Resni.co, Зоран Стевановиќ, изјави дека поддржува распишување референдуми за напуштање на НАТО, Европската унија и Светската здравствена организација.

Сепак, тој јасно нагласи дека граѓаните на Словенија најверојатно нема да поддржат вакви чекори.

Во интервју за ТВ Словенија, Стевановиќ истакна дека земјата има значително повеќе придобивки од членството во ЕУ, но смета дека одлуките треба да се носат во Љубљана, а не во Брисел.

„Словенија мора да се врати како главен центар за одлучување. Не смее Брисел да ја води државата“, изјави тој.

Идејата за повлекување од Светската здравствена организација, како што појасни, била дел од предизборната програма на неговата партија и тие имаат намера да ги исполнат ветувањата.

Воедно, Стевановиќ ги демантираше тврдењата дека неговиот избор бил прославен со руски знамиња, истакнувајќи дека тие собири се редовни и немаат врска со неговата партија.

Во однос на политичката сцена, тој порача дека Resni.co нема да создава криза и ќе поддржи кандидат за премиер – без разлика дали станува збор за Роберт Голоб или Јанез Јанша – доколку нивните програми се усогласат со нивните политики.

„Нема да гледаме лево или десно. Ќе поддржиме влада што ќе ги намали даноците, ќе го подобри животниот стандард и сериозно ќе се бори против корупцијата“, нагласи Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЛОВЕНИЈА НА КРСТОПАТ: Сака да ги напушти…

Словенија повторно се најде во фокусот на…

Филипче бара екстредиција на Груевски и проверка…

Доколу порнешниот премиер Никола Груевски се врати…

ЗНМ и ССНМ: Политичките партии не смеат…

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот…

Џ.Д. Венс: Иран прави економски тероризам

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го обвини Иран…

Смотрич до Мерц: Поминаа деновите кога Германците…

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич побара…