„Support Kocani“ обезбеди креми од над 1 милион денари за лицата повредени во пожарот во „Пулс“
Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари.
Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници.
Од иницијативата информираат дека набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување. Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст.
Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Коачни.
-Оваа поддршка претставува уште еден доказ дека солидарноста и заедништвото имаат вистинска сила кога се најпотребни. Support Kocani останува посветена на помош и грижа за сите засегнати, сè додека постои потреба, велат од „Support Kocani“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Support Kocani“ обезбеди креми од над 1…
Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ информира дека со…
(Видео) Родителите на жртвите од Кочани на…
Родителите на жртвите од Кочани денеска остварија…
„Пулс“: Починатиот Александар немал ниту здравствено осигурување…
Денешното рочиште за пожарот во Кочани во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетник силувал друг малолетник
МВР информира дека рано утринава во 02:35…
Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
„40-ти Марш на ангелите“ ќе се одржи…