(Видео) Нови видео-снимки со шокантни сцени на физички напад врз Ивана само два часа пред трагедијата
Новите материјални докази, видео снимки од безбедносни камери, изведени од Обвинителството за случајот во кој Ивана и нејзината шетгодишната ќерка Катја загинаа при пад од балкон покажаа дека неколку часови пред трагедијата Ивана два пати го пријавува Стојанче за семејно насилство.
И на двете снимките се гледа како доаѓаат полициски службеници и само разговараат со Ивана и Стојанче. Безбедносните камери од пред Кривичниот суд покажуваат и како Стојанче и Ивана се расправаат и тој ја тепа. На видеото се гледаше и дека присутен на целиот настан бил и сведокот Мартин Саздов.
Адвокатката на семјеството на Ивана и Катја, Неда Чаловска вели дека очекуваат разрешница за постапувањето на полицајците бидејќи не изреагирале на двете пријави за семејно насилство.
Неда Чаловска, адвокатка на семејството на Ивана и Катја
– Освен овој случај кој очекуваме да биде во целост прифатено обвинението како што е, сепак очекуваме и разрешница за постапувањето на полицијата и тогаш за нас овој случај односно како оштетени ќе биде целосно завршување на процесот и добицање на правдата.
Освен снимките од безбедносните камери на рочиштето беа прикажани и снимки снимени во февруари годинава со телефонот на Стојанче на кои се гледаше како откако Стојанче тепал Ивана и тој ја пријавил за семејно насилство ја снима, и се смее и ја навредува. Ја прашува каде ја удрил а таа на тоа одговара „ме удираш по бубрези бидејќи татко ти кога бил полицаец те удрирал таму за да не се познава“.
Ивана: Ме истепа и сега ќе глумиш жртва. Ме пријавуваш мене за семејно насилство. Чекај нека дојде полицијата што си ја викнал па ќе им кажеш што имаш направено.
Стојанче: Ти немаш два грама мозок.
Додека се емитуваше во судницата видеото Стојначе се смееше при што обвинителката Адела Бојчевиќ побара од судијата Ивица Стефановски да го опомени обвинетиот Стојанче.
Освен видео снимките меѓу доказите денеска беа предадени и наодите од вештачењето на телефонот на Стојанче, извештаите од обдукциите на Ивана и Катја, извештај од психичката состојба на Стојанче, договорот за дар на станот во Тафталиџе како и извештаи од Центарот за социјални работи и документација од Клиниката за дигестивна хирургија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…
Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…
Превозниците ќе чекаат решение за престојот во…
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе…