Беџети- Тие што мислат дека ќе владеат со контрола и страв им порачувам- НЕ ВРЕДИ!
Пратеникот од ДУИ екс градонашалник на општина Сарај ја искоментира денешната кривична пријава што му ја поднесе МВР за како што утврдиле злоупотреба на службената функција од времето кога бил прв човек на општината. Реакцијата на Беџети објавена на неговиот фб профил ја пренесуваме интегрално.
Вчера Мицкоски имал „чувство“ дека ќе има кривични пријави.
Денес, Министерството за внатрешни работи го реализира тоа „чувство“.
Случајност? Не.
Ова е чист политички притисок.
Кога пријавите се најавуваат од политиката, а се реализираат од институциите, тогаш имаме сериозен проблем со начинот на кој функционира државата.
Но нека им биде јасно: јас не запирам. Не се уценувам. Не се повлекувам.
Ова се обиди да се замолчи политичкиот глас кој не прифаќа да се потчини.
Но тоа само ја зајакнува мојата убеденост дека оваа битка е исправна.
Визијата за враќање на достоинството на Албанците не е реторика. Тоа е мисија.
И мисиите не запираат со вакви притисоци
За тие што денес мислат дека можат да градат власт преку контрола и страв: Ви порачувам – НЕ ВРЕДИ!
Историјата покажа дека вазалите никогаш не стануваат политички фактор.
Вистината не запира. Само доцни, но доаѓа и победува!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…