ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции, економска последица на неспособно и антиевропско владеење

t

Опозициската ДУИ преку соопштение реагира дека во Македонија има пад од 61 процент на странските директни инвестиции во 2025 година, споредбено со 2024 година.

„Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61% на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра. Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата. Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива. Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации“, велат од ДУИ.

Од партијата посочуваат дека падот значи помалку работни места, но и помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите.

„Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови инвестиции, Северна Македонија губи чекор со алармантно темпо. Падот од 61% значи помалку работни места, помало производство, помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите. Актуелната влада го доби мандатот со ветувања за економски развој и рекордни инвестиции. Денес билансот е целосно спротивен. Внатрешната политичка изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, затегнатите односи со меѓународните партнери и застојот на европскиот пат создаваат директни економски последици. За оваа состојба мора да има јасна политичка одговорност. Влада која за кратко време ја носи државата на дното во регионот по странски инвестиции, нема кредибилитет да бара трпение од граѓаните. Оставката на оваа влада е првиот неопходен чекор за враќање на довербата, стабилноста и развојната перспектива на државата“, соопштија од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…

Во последната една година Бугарија стана лидер…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…