ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче не му е јасно што прави Филипче, СДСМ е на раб на исчезнување
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и Венко Филипче делуваат целосно отуѓени од реалноста.
„СДС и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целоснo отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а не на СДС, очајнички бараат некоја утеха занимавајќи се со избори во друга држава и туѓи политички приказни. Филипче на пример, се однесува како тој лично да има удел во победата на таа партија. Од друга страна, сестринската партија на СДС, на истите тие избори доживеа дебакл. За тоа досега нема коментар. За било каква насока за СДС нема коментар. Ама има коментар за се останато“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Филипче ги продолжува политиките кои се печат на владеењето на експремиерот Зоран Заев.
„Филипче имаше коментар за стратешкиот договор со Велика Британија, дека наводно договорот бил договор за носење мигранти во земјава. Откако беа демантирани од сите релевантни институции, па дури и од британскиот амбасадор во земјава, останаа без коментар. Владата преку тој договор ја постави Македонија рамо до рамо со големите светски сили. Ама јасно е дека на Филипче не му е дојдено до интересите на Македонија. Потоа Филипче имаше коментар за тарифите од страна на САД, па кога Владата потпиша Заедничка изјава со САД и се намалија тарифите, немаше коментар. Во контекст на постмониторингот со Советот на Европа, ВМРО-ДПМНЕ за помалку од две години власт го заврши истиот. 7 години не им беа доволни на СДС да го завршат, а сега велат тие го направиле тоа. На никој не му е јасно што прави Филипче. На Филипче не му е јасно што прави Филипче. Освен тоа што ги продолжува антидржавните политики, кои инаку се печат на времето на владеење на Заев“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ се има сведено на 130 илјади гласови, а на следните избори ќе се сведе на помалку.
„А факт е дека тој настапува со некој победнички тон, додека СДС пропаѓа континуирано. Се скараа со сопартијци, оттурнаа поранешни функционери, влегоа во конфликт со медиуми со новинари, а сега веќе отворено иницираат кавги со други држави и нивни претставници во земјава. Можат да се обидуваат да спинуваат, но бројките не можат да ги сменат. СДС се сведе на 130 илјади гласови по локалните избори минатата година, а ќе се сведи на уште помалку на следни избори, според тоа како Филипче ја води партијата. Најзагрижувачко е што ни ова не го вознемирува Филипче. Преку ПР-от на Башановиќ истата матрица продолжува. Се занимаваат со лаги и конструкции, постојано некој води црна кампања против нив, и тие постојано се жртва. Никој освен Филипче не води црна кампања против СДС, и да, точно е дека Филипче и СДС се однесуваат како Алиса во земјата на чудата. Шират паника за работи кои не постојат, како тоа за мигрантите, и постојано се во контрадикција со реалноста, не им е јасно во која земја се опозиција, не им е јасно каде стојат со сестринските партии, не им е јасно кого поддржуваат, не им е јасно што се случува и не се во координација едни со други внатре. СДС и Венко Филипче да почнат да се занимаваат со партијата, затоа што со ова темпо ќе ја доведат до раб на исчезнување“, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче не му е јасно…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и Венко…
СДСМ: Мицкоски ангажирал приватна разузнавачка агенција, следи…
Опозициската СДСМ преку соопштение обвини дека власта…
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…
СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски
Опозициската партија СДСМ информира дека поднела кривична…
На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за…