(Видео) Чкембари нападнаа минибус со навивачи од Охрид
Полицијата регистрира оштетен минибус на патот Прилеп-Ресен кој превезувал навивачка група од Охрид.
-На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.
На социјалните мрежи веќе почна да кружи видеото од нападот на навивачите. Одговороноста ја презеде навивачката група „Чкембари“. „Баравте проблем, добивте“, гласи пораката на „Чкембари“ на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Чкембари нападнаа минибус со навивачи од…
Полицијата регистрира оштетен минибус на патот Прилеп-Ресен…
Навивачи на Силекс извикувале навредливи слогани на…
Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе…
(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда…
Црвена звезда избори пласман во третото коло,…
Битола не спиеше: Навивачите до зори ја…
Во Битола изминатата вечер не се спиеше,…
Фудбал без публика во Македонија до крајот…
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската…