Малолетниот син на Теута Арифи приведен под сомнение за продажба на дрога

t

Според соопштението на полицијата, на 16 април 2026 година во 22:05 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични средства според член 215 од Кривичниот законик.

Во рамки на постапката бил извршен претрес на објект во Тетово, кој малолетникот го изнајмил и го користел со согласност на сопственикот. При претресот биле пронајдени и запленети 34 пакувања марихуана, како и кутија и кеса со марихуана, а дополнително било пронајдено и едно пакување бела прашкаста материја.

Малолетникот бил веднаш приведен во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка. Во присуство на родител ќе биде извршен службен разговор со него, а полицијата најавува дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Случајот доаѓа по претходни медиумски информации за полициски активности во Тетово поврзани со истрага за наводна вклученост на малолетник во продажба на наркотични средства, како и претреси на повеќе локации, кои биле предмет на проверка од надлежните институции.

Извор: skopje1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…

Лишен од слобода малолетник во тетовско, пронајдена…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…