Камион прегази велосипедист!

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 18 април 2026 година околу 13:20 часот во тетовското село Пршовце, во општина Јегуновце, кога дошло до судир помеѓу товарно возило „мерцедес“ и велосипед управуван од малолетник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарното возило го управувал 34-годишен жител од селото Шемшево, додека велосипедот го возел малолетник од Пршовце.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. Неговата здравствена состојба засега не е дополнително прецизирана.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камион прегази велосипедист!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 18…

Во сообраќајка во Штип тешко повреден е…

МВР информира дека вчера претпладне околу 10:20…

Три лица се повредени при судир меѓу…

- На 01.04.2026 во 18:30 часот во…

13-годишно дете прегазило друго дете со кола…

Ужасен инцидент се случил вчера во Арачиново,…

Почина кумановец – му се слошило додека…

МВР информира дека вчера попладне околу 17:00…