Објавено на:

Пресврт во Бугарија: Радев ќе може сам да формира влада, има 135 пратеници

t

„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев убедливо води со 45,3 отсто според методот на „паралелно пребројување” кој се смета за попрецизен од излезните анкети кои му даваа помалку гласови и мандати на Радев. ПП-ДБ е на второто место со 12,2 отсто пред ГЕРБ-СДС со 12,1 отсто

Проекциите за распределбата на мандатите, врз основа на „паралелното пребројување” од агенцијата „Мјара“, покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ би имала 135 пратеници во 240-члениот парламент. За разлика од излезните анкети, според „паралелното пребројување”, БСП не влегува во парламентот.

Паралелното пребројување на 95 отсто од гласовите, објавено од агенцијата „Мјара“, го потврдува пресвртот во односите меѓу водечките партии по денешните парламентарни избори во Бугарија, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според овие податоци, „Прогресивна Бугарија“ убедливо води со 45,3 отсто од пребројаните гласови. ПП-ДБ е на второто место со 12,2 отсто, веднаш пред ГЕРБ-СДФ со 12,1 отсто. ДПС освојува 7 отсто, додека Преродба е малку над изборниот праг со 4,2 отсто.

Тоа значи дека пет партии обезбедуваат влез во парламентот. Разликата со излезните анкети е и во тоа што БСП не влегува во парламентот. БСП – Обединета левица“ останува под прагот со 3,1 отсто.

Проекциите за распределбата на мандатите, врз основа на податоците од „Мјара“, покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ би имала 135 пратеници во 240-члениот парламент. ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС се изедначени со по 36 мандати, додека ДПС би освоил 21, а Преродба 12 пратенички места.

Иако станува збор за нецелосни резултати, трендот укажува на стабилна предност на победничката коалиција и можна стабилна парламентарна поддршка. Граѓаните на Бугарија денеска избираа 240 пратеници за избор на 52. состав на Народното собрание. Ова се осми парламентарни избори во последните пет години. Право на глас имаа 6 575 151 граѓанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…

ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…

Во последната една година Бугарија стана лидер…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…