Објавено на:

Расте тензијата – Иран очекува можен нов напад од САД: „Подготвени сме за сè“

t

Иран е подготвен за можноста од обновување на воени конфликти, пренесува иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на анализа на актуелните активности на САД во регионот.

Според наводите, во последните денови е забележано засилено американско воено присуство, вклучително и движење на воени бродови, воспоставување „воздушен мост“ за транспорт на опрема, како и ангажирање на тешки транспортни авиони од типот Ц-5 и Ц-17. Дополнително, се споменуваат воени вежби за заземање острови во Бахреин, зголемена активност на извидувачки беспилотни летала и преместување на системи за воздушна одбрана.

Анализата посочува дека Техеран разгледува две можни сценарија. Првото е дека САД со овие потези вршат психолошки притисок со цел да изнудат отстапки во преговорите. Иран, според истите извори, останува на своите позиции и не планира да попушти под притисок.

Второто сценарио, оценето како посериозно, е дека дипломатските контакти служат како прикритие за подготовка на изненадувачки воен удар, особено насочен кон иранските острови. Во овој контекст, Техеран потсетува на претходни искуства и го обвинува Вашингтон за користење на преговорите како средство за стратегиска измама.

Според Тасним, во моментов во Иран преовладува проценката дека ризикот од нов конфликт е поголем од шансите за продолжување на преговорите. Се нагласува дека земјата е целосно подготвена за таков развој, а во случај на напад врз нејзината инфраструктура, би можела да се откаже од досегашната воздржаност во регионот, вклучително и во чувствителни точки како Баб ел-Мандеб и енергетските капацитети на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…