Вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор, вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопштија од МВР.
На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка.
На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ц..
На 20.04.2026 во 23:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода В.А.(32) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 30-годишна сопруга дека претходниот ден околу 18:00 часот ѝ се заканувал со остар предмет и се обидел да ја исфрли од домот.
На 21.04.2026 во 06:40 часот во Тетово, полициски службеници го привеле Б.О.(44) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава за извршено семејно насилство. Тој бил задржан во полициска станица и при алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта.
На 20.04.2026 во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Р.(44) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговиот брат физички го нападнал поради претходно недоразбирање.
На 20.04.2026 во 15:50 часот во ОВР Струга, 30-годишна жена од струшко пријави дека околу 11:50 часот во Градската чаршија во Струга била физички нападната од нејзината поранешна свекрва.
На 20.04.2026 во 22:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Р.К.(40) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка.
На 20.04.2026 во 21:08 часот во СВР Велес, 77-годишна неготинка пријави дека нејзиниот 52-годишен син, кој имал здравствени проблеми, агресивно се однесувал и упатил закани и оштетил предмет во домот. Тој бил спроведен во здравствена установа и известен бил јавен обвинител.
На 21.04.2026 во 02:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека на 20.04.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Карпош нејзиниот сопруг К.С.(38), со кого биле разделени, упатувал закани по телефон кон неа и нејзиното семејство.
На 20.04.2026 во 19:45 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ш.М.(21) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата 24-годишна вонбрачна партнерка.
На 21.04.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал. На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и случајот го пријавила.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…