Дескоски: Просветниот инспекторат понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат

t

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски во објава на социјалните мрежи реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), поврзано со наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција, отворајќи прашања за начинот на постапување и толкувањето на законските одредби во високото образование.

„Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот!

По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе.

А можело да биде и поинаку.

Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата.

Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто.

И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели Дескоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова се топ кандидатите за наследник на…

Предвременото повлекување на Кристин Лагард од функцијата…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во…

Изградбата на националниот дата-центар би можела да…

Британската разузнавачка агенција не знае каде се…

Британската разузнавачка агенција GCHQ не може да…

Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…