Митева: Плинот е намален за пет денари по литар
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар.
– Она што е особено значајно е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари.
Почитувани, ова не е уште еден изолиран чекор, туку системска реакција на пазарот која доаѓа како резултат на јасен институционален сигнал и координација.
Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа од страна на ДПИ и преку договор и преземена одговорност од страна на трговците, за намалување на бруто маржите. Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10% во трговијата на големо и за 9 до 10% во малопродажба ќе имаме намалување.
Оваа мерка дојде преку аргументирана анализа и институционално делување. Врз основа на детална анализа спроведена од Државен пазарен инспекторат, беа детектирани просторите за корекција во ценовната структура, по што следуваа разговори со трговците и постигнување на договор за намалување на бруто маржите.
Дозволете ми овде да изразам благодарност за општествената одговорност којашто ја покажуваме.
Ова е суштинската разлика во пристапот. Наместо декларативни политики, носиме мерки што даваат директен ефект врз цените. Наместо пасивно следење на пазарот, активно интервенираме таму каде што постои простор за корекција во интерес на граѓаните.
Ќе продолжиме со истиот пристап, со анализа, со дијалог и со конкретни резултати. Пазарот мора да функционира, но мора да биде и праведен. А интересот на граѓаните ќе остане наш врвен приоритет, рече Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митева: Плинот е намален за пет денари…
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена…
Филипче тврди дека двајца министри во Владата…
Социјалдемократите денеска обвинија дека двајца членови на…
Владата по скратена постапка ќе ја испрати…
Владата по скратена постапка и без консензус…
Владата ги продолжи мерките за горивата до…
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…
(Видео) 25 години државата се изживува со…
25 години државата се изживува со стопроцентен…