Објавено на:

Вашингтон распиша награда од 10 милиони долари за лидер на проиранска милиција

t

САД нудат награда од 10 милиони долари за информации поврзани за лидерот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада (КСС), поддржана од Иран. Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше лидерот како Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“.

Во објавата на платформата X се наведува дека „припадници на КСС убиваат ирачки цивили и напаѓаат американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија“.

Овој чекор е дел од одговорот на САД и Израел на зголемените напади од страна на иранската мрежа на милитантни групи низ Блискиот Исток врз американски, израелски и сојузнички цели. Во овој нов, честопати таен конфликт, Ирак стана клучно бојно поле.

Милициите поддржани од Иран се во голема мера регрутирани од мнозинската шиитска заедница во Ирак и работат под команда на високи офицери во Корпусот на Иранската револуционерна гарда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…