Техничката влада пред укинување – Филипче не отстапува од ултиматумот, Мицкоски не е загрижен за тоа
Измените на Законот за Влада со кој се укинува техничката влада го имаше последниот филтер на седницата на Законодавно правната комисија. Како и на вчерашната расправа на Комисијата за политички систем така и на денешната беа отфрлени сите амандмани поднесени од пратениците на Европскиот фронт. Сали Мурати од оваа коалиција рече дека со овој обид се прекршуваат неколку принципи и тоа за укинувањето да биде без консензус, без обезбедени услови за фер избори и укинувањето на меѓународната гаранција.
„Претставува едностран брз и политички мотивиран, обид за остварување на суштината на демократската гаранција без консензус, бидејќи овие работи се донесени со консензус, без меѓународна консултација без јавна расправа, без правна издржаност“, рече Мурати.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче и денеска со порака дека техничката влада е донесена со консензус и така треба да бидат натамошните одлуки. Тој потврди дека доколку власта продолжи со процесот на нејзино укинување ќе излезат од работната група за Изборниот законик, а не исклучи да се преземат и други мерки.
„Зошто инсистираат да се укине Пржинската влада ако била донесена со консензус на овој начин. Ние рековме дека ќе ја напуштиме прво дебатата и учеството во работната група за Изборниот закон доколку овој закон за влада не се повлече. Па оттаму ќе видиме како ќе делуваме понатаму но сите демократски механизми ќе ги искористиме.“, рече Филипче.
Премиерот Мицкоски се чини и не е загрижен поради ултиматумот од Филипче. Вели дека и без нив работната група за Изборниот законик може да работи.
„Доколку одлучат да ја напуштат работата група која што работи на новиот Изборен законик тоа е нивна одлука. Исто како што беше одлука да не дојдат на последната лидерска средба. Доколку раководството на СДСМ одлучило да ја изолира партијата тоа е одлука на раководството. Ако тие мислат дека на тој начин ќе привлечат внимание ќе магнетизираат поголема поддршка и гласачи тоа е нивна одлука и јас тука не би сакал да се мешам, но работната група и без СДСМ има кворум да работи во делот на измените на Изборниот законик“, рече Мицкоски.
Предлог – измените на законот за влада, откако го поминаа комисискиот филтер, треба да се најдат на пленарна седница на усвојување. Со овие измени се предвидува укинување на техничката влада, но не на следните туку на изборите потоа, односно на изборите што ќе следат да има повторно Пржинска влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техничката влада пред укинување – Филипче не…
Измените на Законот за Влада со кој…
СДСМ: Бараме истрага за несреќата во Кисела…
Денеска се случи уште една трагедија која…
Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена…
Успешно завршено оценување на „Блесок 26“ Во…
Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на…
Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека…