Филипче: Никола Груевски избега ама овие сега нема да избегаат

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, нагласувајќи дека актуелниот систем не обезбедува правда поради силното политичко влијание врз институциите.

dobivaj vesti na viber
„Никола Груевски можеби избега, ама јас велам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за сè што правел. Со ваков систем, каков што го контролира премиерот, граѓаните не можат да очекуваат правда и неселективност“, изјави Филипче.

Тој истакна дека не смее да има селективна правда и дека институциите мора да работат независно, а не под политички притисок.

Филипче додаде дека политиките на актуелната власт, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, според него, се идентични со оние од времето на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Сите се сеќавате на тефтерчето од времето на Груевски. Ист е системот. Тие судии и обвинители се поставуваат и сега. Нема разлика меѓу ВМРО на Груевски и ВМРО на Мицкоски – станува збор за иста организирана криминална група. Го зграпчија буџетот и го користат за пљачкање на народните пари преку тендери на компании блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Тој обвини дека власта не ги исполнила ветувањата поврзани со националните интереси, додавајќи дека наместо тоа, се фокусирала на партиски и финансиски интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…

23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

ЈПДП ќе земат 40 милион евра кредит…

Владата даде зелено светло за ново задолжување…

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…