Американската војска нападна брод во Пацификот, тврди дека пренесувал дрога
Американската војска соопшти дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик, при што загинале две лица. Според Јужната команда на САД, бродот бил поврзан со „терористички организации“ и бил дел од мрежи за трговија со дрога.
Во соопштението се наведува дека нема повредени припадници на американските сили, додека загинатите се опишани како „наркотерористи“, без дополнителни детали за нивниот идентитет.
Од командата информираат дека разузнавачките податоци покажале дека бродот се движел по познати рути за шверц на дрога во регионот. Заедно со соопштението е објавено и кратко видео од акцијата.
Во изминатите недели, американската војска спровела повеќе слични операции во источниот Пацифик. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги оправдува нападите како дел од борбата против наркотрафикинг.
Сепак, ваквите акции се под силни критики. Организации за човекови права предупредуваат дека станува збор за можни незаконски убиства и ја доведуваат во прашање нивната легалност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…