Руски дронови паднаа на територија на Романија – Букурешт предупредува за закана по безбедноста на НАТО
Романските власти пронајдоа остатоци од две руски беспилотни летала по руските напади врз Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.
Делови од дроновите биле пронајдени во Галац, на југоистокот на Романија, каде што биле оштетени куќа и електричен столб, како и во областа Тулча, соопшти министерството, додавајќи дека во инцидентите нема жртви.
Државната граница меѓу Романија и Украина е долга 650 километри, пренесува Ројтерс. Во повеќе наврати е забележано дека руски беспилотни летала навлегуваат во романскиот воздушен простор.
Денешниот инцидент претставува прв случај руски дронови да предизвикаат материјална штета на територијата на Романија.
Министерството за одбрана на Романија ги осуди, како што наведе, неодговорните постапки на Русија, оценувајќи дека тие претставуваат закана за регионалната безбедност и стабилноста во црноморскиот регион.
„Ваквите инциденти покажуваат дека Русија не ги почитува нормите на меѓународното право и ја загрозува не само безбедноста на романските граѓани, туку и колективната безбедност на НАТО“, соопштија од Букурешт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…
Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…
Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…
Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…
Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…
Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на…