Објавено на:

Албанија се позиционира како логистички НАТО центар преку инвестиции во Коридорот осум

t

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, за време на посетата на Албанија, заедно со министерот за одбрана Ермал Нуфи, ја посети воздухопловната база Кучово, која е целосно реновирана со средства од НАТО.

Како што соопшти Амбасадата на САД, на средбата било разговарано за подготвеноста на Албанија да се позиционира како логистички центар на НАТО во регионот, преку инвестиции во Коридорот осум, како и за можностите за зајакнување на регионалната безбедност преку зголемување на трошоците за одбрана.

Витакер се сретна и со премиерот Еди Рама, кој посочи дека разговорите биле фокусирани на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

„Разговаравме за блиската врска и стратешкото партнерство меѓу нашите држави, нашите одлични дипломатски и воени односи, чие зајакнување е заеднички приоритет. Исто така разговаравме и за следниот самит на НАТО кој идната година ќе се одржи во Тирана“, напиша Рама.

Во рамки на посетата, Витакер се сретнал и со американски и албански маринци и персонал кои учествувале во НАТО операциите во Авганистан и Ирак.

Од Амбасадата на САД нагласуваат дека партнерството меѓу Албанија и САД останува клучно за заштита на заедничките вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија се позиционира како логистички НАТО центар преку…

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер,…

Руски дронови паднаа на територија на Романија…

Романските власти пронајдоа остатоци од две руски…

НАТО стои зад Турција, тврди секретарот на…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при…

Албанската полиција разби криминална мрежа за набавување…

Полицијата во Дибра, Албанија, започна истрага откако…

Хоџа со Шекеринска: Албанија во континуирана координација…

Албанија продолжува со интензивна координација со НАТО…