Објавено на:

Вучиќ: Кина има „око на тигар“, подготвена е да го преземе светот

t

„Каква е ситуацијата со дигиталната мрзеливост во текот на работното време во Европа, а каква е во Кина? Можеме да си ласкаме и да се лажеме себеси, но ако работите четири часа дневно, во споредба со 10 часа дневно, не можете да ги постигнете истите цели. И тоа нема да се промени. Станавме зависни од социјалните мрежи, политички одлуки се носат само за да ѝ се додворуваат на јавноста и на социјалните мрежи“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Меѓународната конференција за глобална политика во Франција.

Тој исто така истакна дека главните проблеми се демографијата, новите технологии и безбедноста, додавајќи дека Европа заостанува во сите овие области.

„Ги слушав внимателно сите учесници и многу научив. Но морам да кажам дека јас гледам на работите поинаку. Прво, мислам дека ние како Европејци губиме многу важни битки и постојано мислиме дека сме најпаметни и дека ова е најубавиот дел од светот, што и верувам дека е точно, но постојано ги потценуваме другите. Не разбираме дека заостануваме зад другите и веруваме дека сè важно е само во Европа, а тоа не е точно. Не само што заостануваме зад САД во вештачка интелигенција и роботика, туку заостануваме и зад Кина. Тој јаз се продлабочува“, рече тој.

„Дали сме подготвени да го признаеме тоа е друго прашање. Можеме да живееме во нашите меури, но мислам дека тоа е голема грешка. Многумина можат да добијат аплауз за убави говори, но моето прашање е што сменивме во последните 20 години и што ќе смениме во следните 20 години. Ние сме во Европа, ќе останеме во Европа, имаме заедничка судбина, но јас не сум оптимист за иднината што ја градиме“, додаде тој.

Вучиќ се осврна и во подоцнежно обраќање до српските медиуми.

„Србија е во Европа и никогаш нема да биде поинаку, ние не сме од Марс. Тоа не е само географска, туку и политичка и геостратешка одредница. Не гледам како Европа во иднина ќе ги следи Кина и Америка. Потребни се посилни стратешки одлуки. Ние сме мал дел од Европа, како и Молдавија и Украина, и кога зборувам за ова, не сакам да звучам како да критикувам. Заостануваме во вештачка интелигенција, роботика и автомобилска индустрија во однос на Кина“, рече тој.

Тој додаде дека во Србија и во Европа луѓето премногу размислуваат за одмори и боледувања, за разлика од земјите што се борат за напредок, како Кина.

„Таму има таканаречено ‘тигрово око’ и луѓето работат, работат, работат. Ние сме како Западното Римско Царство, уживаме во сопствената супериорност, а не гледаме што се случува околу нас. Како кога гледате политички противници кои не сакаат да слушнат никого што мисли поинаку. Така и ние – ги затвораме очите и не гледаме што се случува во Азија и Африка“, нагласи тој.

Тој додаде дека Кина е значително посилна од Европа, и дека брзо напредуваат и Турција и Русија во однос на влијанието во Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Во Франција е поништен законот со кој…

Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…