Нови израелски напади во Либан
Израелски воени авиони утрово извршија напад врз градот Кфар во округот Бинт Џбеил во јужен Либан, пресекувајќи го патот до местото, објави либанската Национална новинска агенција.
Нападот се случи и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а беше продолжен за три недели од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во четврток. Пред утринскиот напад, најмалку 14 лица, вклучувајќи жени и деца, беа убиени, а 37 ранети во израелските напади врз јужен Либан, северно од „безбедносната зона“ прогласена од Израел.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека меѓу загинатите се две деца и две жени, а дека меѓу повредените се уште три жени, објави Ал Џезира. Израелската војска започна бран воздушни напади и артилериски гранати откако претходно во напад со беспилотни летала на Хезболах загина еден, а шестмина беа ранети израелски војници. Во меѓувреме, Центарот за итни медицински операции на либанското Министерство за јавно здравје издаде соопштение во кое објавува дека вкупниот број на жртви на агресијата од 2 март до 26 април е 2.509 загинати и 7.755 ранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…