Еден час пред почетокот, одложено судењето против Нетанјаху за мито и измама
Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на судскиот процес за корупција е откажано само еден час пред планираниот почеток, јавуваат израелски медиуми.
Според извештаите, одложувањето е побарано од неговиот адвокат Ами Хадад, повикувајќи се на неутврдени безбедносни причини. Судското рочиште било закажано по подолга пауза предизвикана од војната со Иран.
Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на доверба во три одделни случаи познати како „Случај 1000“, „Случај 2000“ и „Случај 4000“, при што обвинителството тврди дека постоеле обиди за влијание врз медиуми и телекомуникациски компании во замена за политички и деловни придобивки.
Во случајот 4000 се наведува дека тој наводно ги фаворизирал регулаторните одлуки во корист на поранешниот сопственик на порталот „Вала“ и телекомуникацискиот гигант „Безек“, во замена за позитивно медиумско известување.
Покрај домашните судски постапки, против Нетанјаху постои и меѓународен правен притисок, откако Меѓународниот кривичен суд во ноември 2024 година издаде налог за негово апсење поради наводи за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…