Муцунски: Уставни измени само откако ќе се изгради доверба со Бугарија
„Во врска со прашањето со Бугарија, Владата има идеи, има јасни позиции кои не само што се јасно наведени, туку се и дел од изборната програма“, со која ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 2024 година, изјави во „Тема на денот“, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Според него, прашањето за уставните измени може да се стави „на маса“ во моментот кога ќе се постигне доверба преку јасни гаранции за некаков минимален реципроцитет во областа на почитувањето на човековите права во Бугарија.
„Ова е нашето очекување, ова е она на што работиме“, рече Муцунски, кој истакна дека е императив Владата да воспостави комуникација со новата бугарска влада и да работи на решение.
Министерот посочи дека веднаш по изборот на новата влада во Бугарија ќе контактира со новоизбраниот бугарски министер за надворешни работи, а следната недела е предвидено да учествува на министерска конференција во Софија поврзана со Коридорот 8.
„На Бугарија ѝ понудивме да биде коорганизатор, но без да добиеме одговор, тие испратија покана. Според мене, ова не е начинот на комуникација врз кој треба да градиме односи, особено затоа што Коридорот 8 е една од точките каде што покажавме напредок. Треба да бидеме позитивни, но оваа позитивност не треба да биде наивност“, кажа Муцунски.
Како одговор на прашањето за насоката во која земјата ќе се движи на патот кон европска интеграција, откако стана јасно дека промените воПпреговарачката рамка не се можни, Муцунски посочи дека има промена во ставот што доаѓа од ЕУ.
„Пред две години, претставниците на ЕУ ни кажаа „ова е условот“, но пред шест месеци, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави во Софија дека на нашата земја треба да ѝ се дадат дополнителни гаранции, а пред две недели, белгискиот премиер рече дека на нашата земја треба да ѝ се дадат „дополнителни гаранции“. Јас не велам дека не преку ноќ ќе ги промениме позициите, но исто така кога ние носиме една таква голема одлука треба да веруваме во одлуката што ја носиме. Не верувам дека доколку утре ги направиме уставните измени, нема дополнително да се соочииме со некаква блокада. И го гледаме ова во пракса: блокирањето од страна на Бугарија на нашата апликација за членство во иницијативата „Три мориња“, која нема никаква врска со ЕУ. Во ставот на Бугарија кон Акциониот план за малцинствата, кој го подготвија водечки експерти во нашата земја, но и меѓународни експерти од Советот на Европа… Гледаме вознемирувачки сигнали што доаѓаат од Софија, кои не се поврзани со оваа Влада, но се јасно долгорочна стратегија“, рече Муцунски.
Според министерот за надворешни работи, голем број земји-членки на ЕУ се заинтересирани за решавање на билатералниот спор со Бугарија и започнување преговори меѓу Македонија и ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Уставни измени само откако ќе се…
„Во врска со прашањето со Бугарија, Владата…
Косово оди на нови избори
Седницата на косовското Собрание за избор на…
Радев веќе ја составил Владата, се чека…
Според избраниот пратеник од „Прогресивна Бугарија“ Петар…
ДУИ ќе собира пратенички потписи за внесување…
ДУИ најави започнување на постапката за собирање…
Бугарското Собрание ќе се констотуира во четврток,…
52-то Народно собрание ќе се состане во…