Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти!
Поранешната советничка во Советот на Општина Битола од „Поинаку“ и кандидатка за градоначалник, Габриела Илиевска, во објава на социјалните мрежи укажува на сериозни пропусти во работењето на локалната самоуправа во Битола.
– Поминаа неколку дена од театралното извинување на Тони за улицата кај „Уредот“. Поминаа и денови исполнети со силен ПР, со кој се обидува да го убеди јавноста дека ТРАНСФОРМАТОРОТ не е грешка.
Наместо одговорност, добивме мајтап, потценување и пораки од типот „вие ништо не разбирате, ние сме најпаметни“, проследени со слики од вештачка интелигенција — која од која „посовршена“.
Но фактите се едноставни:
Градоначалникот започнал со копање улицата кај Уредот без обезбедени документи и дозволи и ги остави граѓаните една година во кал.Понесен од моќ, ароганција и самоволие, излегува јавно и вели — „извинете“.
Таквото извинување е исто како некој да почне да гради куќа на сред плоштад кај Епинал, па потоа да каже „извинете“.
И тука не завршува приказната.
На друга улица, истиот градоначалник реализира проект со трансформатор поставен на сред пешачка зона и дел од улица. Проект стар 15 години — кој можел да биде ревидиран, изменет или подобрен. Но наместо тоа, добивме изјава:
„Решивме да го спроведеме и лично сметам дека, освен визуелно или естетски, трансформаторот не претставува никаква функционална пречка.“
Чекав и се надевав дека барем една институција ќе реагира.
Во нормална држава, кога градоначалник јавно признава дека започнал градба без документи и дека свесно не направил ревизија на ризичен проект — следи итна реакција.
Еве бидејќи никој не слушнал и не видел, премиере Hristijan Mickoski ова се фактите, а Вие рековте :
БРАТ ДА МИ Е ЌЕ ОДГОВАРА!
Исто така ги повикувам институциите по допрен глас да реагираат, оти некој МОРА!
Да не се чудиме после кога некој свесно ќе гради, кради или тепа, оти немањето реакција е соучесништво! – стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Во битолското земјоделско училиште се запишале само…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…
Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…