Уапсени двајца дрвокрадци, едниот нападнал полицаец со моторна пила
Вистинска драма се одвивала во прилепско, откако две лица биле затекнати при бесправна сеча на дрва, а ситуацијата ескалирала во напад врз полицаец со моторна пила.
Настанот започнал во четвртокот околу пладне во атарот на селото Стровија, општина Долнени, каде што шумската полиција од Прилеп ги затекнала Т.Т. (33) и Џ.Т. (59) од селото Црнилиште како нелегално сечат огревни дрва.
Наместо да постапат по наредбите, двајцата станале агресивни. Во еден момент, 59-годишниот маж замавнал со моторна пила кон еден од полициските службеници, по што двајцата избегале од местото.
По неколкучасовна потрага, полицијата успеала да ги лоцира и да ги пронајде во нивното село, каде што биле лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок, информира полицијата во дневниот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…