Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади денари: Ниту го виделе Ерусалим, ниту им ги вратиле парите
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и 35-годишен маж во февруари годинава извршиле онлајн уплата во висина од 86.680 денари за туристички аранжман. Патувањето било планирано за период кога, според нивните наводи, дополнително било отежнато и поради безбедносната состојба на Блискиот Исток, односно поради војната во Заливот, поради што на крајот и било откажано.
Сепак, тие се сомневаат дека станува збор за класична измама, бидејќи, како што пријавиле, агенцијата не обезбедила никаква реализација ниту поврат на средствата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…
Уапсени двајца дрвокрадци, едниот нападнал полицаец со…
Вистинска драма се одвивала во прилепско, откако…
Код за верификација при регистрација на возила…
Министерството за внатрешни работи информира дека се…
Уапсен скопјанец, полицијата му нашла нож и…
Вчера во 20:00 часот на подрачјето на…
МВР Потврди: Членот на Левица е приведен…
Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР…