19-годишно момче на мотор загина во Прилеп

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во Прилеп, во која загина 19-годишно момче откако со моторот се судрило со автобус, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 30.04.2026 во  06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски”  во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, Прилепско“, соопштија од полицијата.

По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница-Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишно момче на мотор загина во Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во…

Гранати од Првата светска војна најдени во…

Вчера, по пријава во полиција, пиротехничар од…

Официјално: Со Б-категорија ќе може да се…

Собранието на вчерашната седница по скратена постапка…

Дрога најдена во ранецот на војник од…

Кривично ќе биде гонет вработен во АРМ.…