Калас: Разговорите меѓу Трамп и Путин оставаат многу прашања неодговорени
Телефонските разговори меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, оставаат многу прашања неодговорени, изјави денеска шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас.
„Секако, кога ги гледаме овие разговори меѓу претседателот Трамп и Путин, секогаш знаете, има многу прашања што остануваат неодговорени, со оглед на тоа што Русија отворено ја фали херојската борба што Иран ја води против Америка“, изјави Калас пред новинарите во Естонија.
Таа додаде дека мировните преговори во Украина се во застој и ништо не се случува.
„Дали тоа значи дека всушност има поголем притисок врз Русија, бидејќи тие му помагаат на Иран да се бори против САД? Значи, би сакале да видиме притисок што не го видовме во тој повик“, рече таа.
Трамп вчера изјави дека разговарал телефонски со Путин за можно примирје во четиригодишната војна меѓу Русија и Украина, додека Путин предложил привремено примирје во Украина до Денот на победата во Втората светска војна, 9 мај, што Трамп, според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, го поддржал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…