Објавено на:

Мојсоска: Мицкоски и СДСМ си го делат бизнисот со струја

t

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, ја разобличи шемата на партиско профитерство во енергетиката, посочувајќи дека додека граѓаните плаќаат најскапа струја, фирмите блиски до власта и опозицијата се редат за милионски бизниси:

„Фирмите што ќе инвестираат во струја се директно поврзани и со ДПМНЕ и СДСМ – двете партии си го делат милијардскиот колач, а народот плаќа најскапа струја во регионот.

Поранешната фирма на премиерот „Фонко Хидро” ќе гради фотоволтаична централа, а таа фирма не беше ни наведена во неговата биографија. Кога се прашува со кого правел милионски бизниси – премиерот молчи.

Истите луѓе и фирми се врзани со „Енерготек”, со концесии од 23 години и со лица осомничени во „Делчевски ниви” – случај што падна со промена на изјава на човек близок до СДС.Додека нивните фирми ќе прават милиони, ЕСМ ја завршува годината со 108 милиони евра загуба – првпат без објавена завршна сметка.

Ќе го разрешите ли директорот за оваа катастрофа или ќе продолжите да ја уништувате државната компанија за да се богатат партиските бизнис партнери?“ – рече Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…