Трамп: Запленуваме бродови и товар, ние сме како пирати
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американската морнарица дејствува „како пирати“ додека ја спроведува поморската блокада на иранските пристаништа во американско-израелската војна против Иран.
Трамп така ја опиша неодамнешната заплена на брод од страна на американските сили.
„Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилна работа“, изјави Трамп.
„Ние сме како пирати. Малку сме како пирати, но не си играме.“
САД запленија повеќе ирански пловила и санкционирани товарни бродови откако тие ги напуштиле иранските пристаништа, додека Иран од почетокот на војната блокира речиси сите бродови што минуваат низ Ормутскиот Теснец, освен сопствените.
Војната дополнително ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормутскиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.
Трамп се соочи и со критики поради своите изјави за конфликтот, вклучително и заканите за уништување на иранската цивилизација и најавите за можни напади врз цивилна инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…