Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“

t

Независниот синдикат на професионални војници обвини дека во Министерството за одбрана е формиран нов синдикат кој, според нив, е под директно влијание на раководството на институцијата.

Од синдикатот тврдат дека новоформираниот „Синдикат на вработените во одбраната и Армијата“ бил основан од лица на раководни функции во Министерството за одбрана, меѓу кои, како што наведуваат, има раководители на сектори, бригаден генерал, командант на единица и други лица блиски до раководството.

Се наведува дека станува збор за „наменски синдикат“ преку кој министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе преговара за најавените законски измени и новиот колективен договор.

Од Независниот синдикат обвинуваат и дека со Министерството нема вистински социјален дијалог, наведувајќи дека последната средба со министерот ја имале во ноември 2024 година, по што, како што велат, нивните барања за повисоки плати и подобри права биле игнорирани.

„Синдикализмот и правата на работниците во Република Македонија се сведоа на преговори со подобни синдикати и игнорирање на неподобните синдикати“, наведуваат од Независниот синдикат на професионални војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за…

Независниот синдикат на професионални војници обвини дека…

Зеленски: Невообичаена активност на границата со Белорусија

Претседателот на Украина денеска предупреди дека надлежните…

Туск предупреди: НАТО се урива, ова е…

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата…

Кинеското Министерство за трговија блокира санкции на…

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека…

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од…

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови…