Објавено на:

Иранската национална гарда му порача на Трамп: Или невозможна мисија или лош договор со нас

t

Разузнавачката единица на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека просторот за донесување одлуки во Вашингтон се стеснува, тврдејќи дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да избере помеѓу „невозможна“ воена операција и „лош договор“ со Иран, пренесува „Ал Џезира“.

Во објава на социјалните мрежи, ИРГЦ наведува дека Техеран поставил рок за САД да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа, без да прецизира за кој рок станува збор. Исто така, укажува на промена на тонот кон САД од страна на Кина, Русија и европските земји.

„Постои само еден начин да се протолкува ова: Трамп мора да избере помеѓу невозможна воена операција или лош договор со Исламската Република Иран. Просторот за донесување одлуки во САД е стеснет“, сенаведува во соопштението.

Аналитичарите предупредуваат дека преговорите се уште се далеку од решение. Пол Масгрејв, професор на Универзитетот Џорџтаун во Катар, за „Ал Џезира“ изјави дека, според достапните информации, Трамп ја отфрлил новата иранска понуда „без да ја прочита или темелно да се запознае со нејзината содржина“.

Според него, постојат индикации за мало омекнување на ставот на Иран, вклучително и можноста Техеран да се откаже од своето претходно барање САД прво да ја укинат блокадата на иранскиот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец.

Сепак, клучните разлики остануваат. Иран инсистира на задржување на правото да збогатува ураниум и да продолжи со својата нуклеарна програма, како и некаков вид контрола врз поморскиот сообраќај, прашања за кои Вашингтон не попушта.

САД бараат Иран целосно да го запре збогатувањето на ураниум како дел од кој било договор. Трамп постојано нагласуваше дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, што беше една од причините за започнување на нападот.

Техеран, од друга страна, негира дека развива нуклеарно оружје и тврди дека неговата програма е чисто цивилна по природа. Цивилните потреби, како што е производството на енергија, бараат ниво на збогатување од три до пет проценти, додека оружјето бара околу 90 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранската национална гарда му порача на Трамп:…

Разузнавачката единица на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

Марио (21) од Битола учи факултет и…

Марио Булевски (21) од Битола е студент…

Твитерџии со реакција на негодувањата за поскапувањето…

Од почетокот на мај, родителите на децата…

Зеленски: Украина погоди два танкери од „флотата…

Украинските сили нападнаа два танкери од „флотата…

Потопло време, а кон крајот на неделата…

Потопло време, а кон крајот на неделата…