Објавено на:

Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати предложените законски измени

t

Секое општество се мери по тоа како ги штити најранливите во моменти кога им е најпотребна сигурност.Во Македонија, наместо заштита, сè почесто сведочиме на спротивното. Бременоста и мајчинството стануваат фактор на несигурност на работното место, реагираат од политичката партија Левица.

Оттаму наведуваат податоци од од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, од каде се констатира пораст на предмети за дискриминација поврзани со бременост, раѓање и мајчинство.

– Жени по враќање од породилно отсуство се соочуваат со прераспоредувања на пониски позиции, деградирање или директно губење на работното место. Договори на определено време истекуваат токму во моменти кога најмногу е потребна сигурност. Во правен поредок кој формално гарантира еднаквост, ваквите практики откриваат длабок јаз меѓу нормата и реалноста.

Особено дволично е што власта на ДПМНЕ, која наводно е загрижена за наталитетот во државата, не презема апсолутно ништо во врска до оваа состојба, напротив, дури и одбива предлози за надминување на истата, како што беше случајот и со предлог-измените поднесени од Левица, велат од партијата.

Тие потсетија и на претходните предлози за законски измени кои беа одбиени од владејачкото мнозинство.

– Потсетуваме, Левица поднесе измени на Законот за работни односи со цел да се затвори токму таа правна празнина што овозможува бременоста да стане тивка причина за губење на работа. Предлогот предвидуваше автоматска трансформација на договорот за вработување од определено во неопределено време во случај на бременост, како и експлицитна забрана за престанок на работниот однос поради истек на договорот во таква ситуација. Со тоа, механизмот на формално истекување на договорите, кој во пракса се користи како алатка за избегнување на законската забрана за отказ, ќе се ставеше под јасна правна контрола.

Додека мнозинството калкулира со партиски поени, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе алармира за растечки број случаи на дискриминација врз бремени жени и мајки. Тоа се јасни сигнали дека проблемот во услови на десничарска власт ескалира.

Наместо да се затвори очигледната правна празнина, ДПМНЕ избра да ја брани “флексибилноста” на пазарот, или во превод, да не се замерат со газдите кои по цена на нивниот профит се решени да уништуваат туѓи животи во најсензитивни периоди. Кога ќе дојде до судир помеѓу профитот и достоинството, нивниот избор е јасен. И токму тука се гледа суштината на политиката на ДПМНЕ – државата да биде штит за посилниот, а не за работничката која го носи најголемиот товар!

Ги повикуваме ДПМНЕ да се вразумат и тие да ги поднесат измените. Или ќе се застанат зад жената која работи, создава и раѓа или зад логиката дека таа е заменлива кога станува „неисплатлива“. Мајчинството не е приватен проблем на работничката, туку општествена одговорност. Не може истовремено да промовираат политика “јас, бато и дада” и да останат неми на бруталностите кон бремените работнички и мајки! – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Мајки и трудници остануваат без работа,…

Секое општество се мери по тоа како…

СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството…

Од СДСМ преку соопштение прашуваат дали Владата…

Левица: Државата им го одзема здравството на…

На седница на Комисијата за финансирање и…

СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да не…

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за…

На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за…