Тепачка во Тетовско: Му се заканил со нож, го удрил со дршка од секира
Маж од Тетовско бил нападнат додека се враќал со трактор од нива, информира полицијата во дневниот билтен.
Според соопштението, 63-годишен жител на селото се враќал од нива со трактор. Во тој момент бил пресретнат од друго лице. Напаѓачот прво му се заканувал со нож, а потоа го удрил со дршка од секира.
„На 02 мај 2026 година во 10:20 часот во село Џепчиште полициски службеници го лишиле од слобода А.А. (42) од истото село. Претходниот ден С.М. (63) од Џепчиште пријавил дека додека се враќал со трактор од нива, А.М. му се заканувал со нож, по што го удрил со дршка од секира“, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Вработен во маркет си го натепал колегата
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…
Две малолетнички се тепале на улица во…
ОВР Струга вчера во 18:00 часот е…